Животна училница // Приказни
НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ЛОКАЛЕН ПОРОЕН ДОЖД - денеска не заборавајте чадори

Дождови и невреме најавуваат синоптичарите за денеска.
Според објавата на Управата за хидрометеоролошки работи денеска не очекува променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 15 l/m²) за кратко време и засилен ветер (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на невреме.
- Од запад и од северозапад кон Балканот се движи голема влага која ќе донесе значителни врнежи и локални временски непогоди - нагласува Поповски.
Извор: ФАКТОРФото: Принтскрин/Фејсбук