Големината на оваа жена е рамна на легенда: Невена Кочовска полни 80 години

Добивај вести на Viber

Невена Кочовска долги години од животот помина на сцената како дел од ансамблот „Мањифико“, а поради нејзиниот глас многумина ја засакаа мексиканската и шпанската народна музика и шпанскиот јазик. 

Невена Кочовска денес полни 80 години, а нејзината големина е рамна на легенда, таа  беше дел од легендарниот ансамбл  „Мањифико”, настапуваше пред Тито и Јованка Броз, направија 42 хуманитарни концерти за Скопје по земјотресот...

На овој посебен ден честитки пристигаат од сите страни:

За жал, иако има многу на што да се радува и да се сеќава низ што се' поминала, Невена боледува од Алцхајмер, болест која се манифестира со намалување на дневните активности и когнитивните способности, односно моќ на спознавање. Карактерот на болеста полека го уништува не само болниот, туку и неговото семејство. Првите симптоми на деменција нивната мајка ги добила пред пет години, а од неодамна состојба е многу влошена. 

Нејзините две ќерки, сестрите Лидија и Тања Кочовски неодамна за Женски магазин зборуваа колку име тешко кога не го препознава татко им Панче или кога ќе ги заборави нивните имиња, но велат, мајчинскиот инстикт кај неа е многу голем и во ваква состојба и таа никогаш не заборава дека тие и се ќерки.

Невена и Панче Кочовски беа дел од легендарниот ансамбл  „Мањифико”, кој стана свестки популарен, со обработките на латино-американските песни. Свиреа пред Јосип Броз-Тито и поранешниот мексикански претседател Лопез Матео. Одржаа повеќе од 3.700 самостојни концерти во повеќе од 30 земји во светот. Постарите генерации ги паметат како хуманитарци, кои направиле 42 концерти за настраданото Скопје во земјотресот во 1963 година.

фото:facebook/tanjakocovska / instagram/lidijamagnifico

(ВИДЕО) Иако боледува од Алцхајмер и заборава, Невена Кочовска од срце запеа со сопругот и ќерката како во старите добри времиња