Тоби порачува: танцувај и кога си на дното

Добивај вести на Viber

Толга Мазхар - TOBY, ја отвора вратата кон нова ера на емотивен денс - поп со премиерата на својот нов сингл „Dancing On My Own“, достапен на сите музички платформи.

Како прв сингл од неговиот претстојен деби албум The City of Angels and Demons, „Dancing On My Own“ не е само песна — тоа е израз на слобода, тага и преживување. Со пулсирачки звук што те влече и нежна тага што се чувствува под површината, песната зборува за оние ноќи кога сè ти паѓа тешко, но сепак избираш да станеш... и да танцуваш. Дури и кога си на дното, „Dancing On My Own“ е повик да не се откажеш од себе — туку да ја пронајдеш својата сила во самотијата, во музиката, во движењето.

Придружена со визуелно силно и емотивно музичко видео, „Dancing On My Own“ е химна за сите што некогаш се нашле осамени на подиумот, но одбиле да престанат да танцуваат. Видеото ја проширува оваа емоција со слики полни симболика и простор за лично толкување — оставено отворено за секој гледач да ја најде својата приказна во него.


„Единствената насока што можам да ја дадам на публиката засега се крие во самото име на албумот — а сè останато ќе се открие кога тој конечно ќе излезе.,“ вели Мазхар.

Тоби ветува албум со длабока, внимателно исплетена приказна — таква што нема само да се слуша, туку ќе се доживее. The City of Angels and Demons е замислен како филм што се чувствува низ секоја песна, каде секој звук и секој збор носи дел од нешто поголемо.

С.А.Н