Кога модата ја обликува дипломатијата: Претседателката Силјановска Давкова и Кралицата Летиција освојуваат со елеганција

Добивај вести на Viber

Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова, оствари значајна средба со шпанската кралска двојка – Кралицата Летиција, која важи за една од најубаво облечените дами во Европа, и нејзиниот сопруг, Кралот Фелипе VI. За оваа престижна пригода, нашата претседателка одбрала елегантен и модерен изглед кој остави без зборови.

Силјановска Давкова носеше долг црн фустан кој се шири во должина, создавајќи впечаток на грациозност и софистицираност. 

Ракавите од фустанот беа изработени од фина црна тантела која на уникатен начин го надополнуваше целокупниот изглед. Интересен и многу стилски детал беше тантелата која наликува на ѓердан околу вратот, што го истакнуваше нејзиниот елегантен и подреден стил. Овој впечатлив фустан беше надополнет со едноставни црни чевли на висока пета, за финалниот изглед.

Кралицата Летиција, пак, одбра фустан во петролеј боја со златни детали кои го истакнуваа нејзиниот моден избор и грациозност.

 Фустанот, со прерамки и деколте, се прилагодуваше на нејзината силуета во горниот дел, додека од половината надолу се ширеше во елегантна миди должина. Златните чевли на пета и минималистичкиот накит, кој беше внимателно избран, само го надополнија нејзиниот беспрекорен изглед, дополнително нагласувајќи ја нејзината природна убавина и стил.

Оваа средба на две елегантни жени не само што ја потврди нивната модна софистицираност, туку и ја истакна важноста на дипломатијата и стилот во еден од најзначајните моменти на државните односи.

„Со особена чест присуствував на приемот што го приредија Н. В. Кралот Фелипе VI и Кралицата Летиција во величествениот амбиент на кралската летна резиденција, дворецот Алказар де Севиља, прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО.

Во срдечна атмосфера се водеа инспиративни разговори, во духот на заемна почит и разбирање.

Приемот се одржа во пресрет на 4. Меѓународна конференција за финансирање на развојот под покровителство на ОН, којашто ја нагласува потребата за одржлив развој, правичен пристап до финансиски ресурси и зајакнување на глобалната солидарност.

Искрена благодарност до домаќините за можноста да размениме мислења за клучните предизвици на нашето време“.

Фото: Фејсбук
Ржм - Г.Д.Г