Гордост македонска: Математичкиот генијалец Македон Димитровски освои нови медали на меѓународен натпревар во Бугарија

Македонскиот математички генијалец, кој често се нарекува "чудо од дете", Македон Димитровски, повторно го потврди својот талент и посветеност, освојувајќи нови медали на меѓународниот натпревар „Математика без граници“. Овој млад талент го направи и нашиот народ горд со своите достигнувања на глобалната сцена.
Турнирот се одржа во Несебар, Бугарија, каде учествуваа 42 земји со вкупно 875 учесници. Македон со својот настап ја прослави Македонија и го виореше македонското знаме на меѓународната сцена.
На натпреварот „Математика без граници“, Македон освои повеќе престижни награди:
*Математичка ѕвезда на турнирот
*Пехар III – Купот на „Математика без граници“
*Сребрен медал по алгебра
*Бронзен медал на основниот турнир
„Денес заврши интернационалниот турнир „Математика без граници“ и турнирот по алгебра Лобовико Ферари, каде учествуваа 42 земји со 875 учесници. Македон уште еднаш го прослави името на Македонија и го виореше македонското знаме во Бугарија. Браво Македон, горди сме на тебе!“ – напиша на Фејсбук таткото на малиот математички гениј, Владимир Димитровски.
Македон продолжува да биде инспирација за сите нас и потврда дека талентот, напорната работа и посветеноста можат да донесат големи успеси на меѓународно ниво.
Фото: ФејсбукРЖМ - Г.Д.Г