„Македонското Сен Тропе“ и „Македонската Сардинија“: Ова се охридските плажи што ги воодушевија странците

Добивај вести на Viber

Македонските туристи, кога станува збор за летен одмор, најчесто се одлучуваат за Охрид.Сепак, нашата земја нуди многу повеќе: од села и планини до скриени природни убавини кои чекаат да бидат откриени и посетени. Покрај тоа, тука се и бројните локалитети со историско значење кои ја обогатуваат туристичката понуда на Македонија.

Но кога летото ја носи неподносливата топлина, многу туристи во Македонија решението го гледаат покрај вода. Охрид, со своите прекрасни езерски брегови, е најчестиот избор за разладување и релаксација.

На фејсбук страницата „Патувања низ Македонија“, корисниците споделија фотографии од некои од најубавите плажи во Охрид, како што се Градиште и Трпејца, кои се популарни дестинации за летување.

Плажа Градиште е една од популарните плажи на Охридското езеро, која се наоѓа на северозападниот дел на езерото, близу до населбата Градиште, која е во близина на Охрид. Оваа плажа е одличен избор за оние кои бараат спокојна и релаксирачка атмосфера, со чиста вода и прекрасни природни пејзажи.

Плажа Градиште има песочен и каменит брег, што е идеално за оние кои сакаат да уживаат во сончање. На плажата има организирани лежалки и чадори, како и повеќе угостителски објекти во околината. 

За љубителите на водени спортови, плажата нуди можност за јахтинг, веслање и други активности. 

Плажа Трпејца, сместена на источниот брег на Охридското Езеро, во истоименото село, и е една од најпопуларните и најубавите плажи во Македонија. Оваа плажа го носи епитетот „Македонски Сен Тропе“, и секоја годиниа привлекува голем број туристи со својата уникатна природна убавина, кристално чиста вода и мирна атмосфера.

Плажа е со ситни камчиња, што ја прави идеална за пливање, па токму поради тоа водата е кристално чиста и проѕирна.

Советот на локалците е плажата да се посети рано наутро или доцна попладне за да избегнат големи гужви и да уживате во мирната атмосфера.

Носете со себе чадор или заштита од сонце, бидејќи не сите делови на плажата имаат природна сенка.

Инфлуенсерот и фотограф, Драган Тапшанов, кој на Инстаграм е познат по своите авантури со патувачкото комби, заедно со сопругата Едит од Унгарија и синот Марк, го сподели своето искуство од плажата Љубаништа. Тапшанов направи видео од птичја перспектива, кое ја прикажува природната убавина на оваа плажа и напиша: „Ова не е Сардинија“.

View this post on Instagram

A post shared by Dragan Tapshanov (@dragantapshanov)

Иако Охрид е најпопуларната дестинација, Македонија има многу повеќе да понуди и за љубителите на природата и историјата. За оние кои сакаат да истражуваат нови места, вреди да се посетат скриените богатства на нашата земја.

Фото: Фејсбук/ Патувања низ Македонија/ Принтскирн/ Видео- Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г