Семејството пред сè: Градоначалникот Димитриевски објави фотографија со ќерката Вероника – еве го поводот

Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, сподели фотографија со својата ќерка Вероника, по повод нејзиниот 21-ви роденден. Неговата објава, беше придружена со кратка но емотивна порака.
„Среќен 21-ви роденден Вероника, да си ни жива и здрава“, напиша Димитриевски на социјалната мрежа, споделувајќи заедничка фотографија со ќерката.
Меѓу кумановчани, градоначалникот е познат како човек кој големо значење му придава на семејството. Како што често истакнува, токму семејството му е најголема поддршка во секојдневните обврски и предизвици. Покрај ќерката Вероника, поддршка му се и сопругата Надица и синовите Милан и Димитар.
Во едно интервју за „Женски магазин“, сопругата на градоначалникот, Надица Димитриевска, зборуваше за семејниот живот и нивниот брак, кој, како што вели, се темели на љубов, почитување и меѓусебна комуникација.
„Морам да признаам дека не е лесно да се биде посветен истовремено на семејството, децата, домот и работата, но со добра организација и упорност, резултатите доаѓаат. Предизвикот е голем, но секогаш се трудам да помогнам на сите кога можам. Функциите се менливи, но човечноста треба да остане трајна вредност“, изјави таа.
Објавата на Димитриевски уште еднаш го потврди неговиот став дека, и покрај јавната функција, семејството останува негов приоритет и извор на сила.
Фото: ФејсбукРЖМ - Г.Д.Г