Животна училница // Приказни
„Неверство е и кога родителите ќе ги ставиш пред сопружникот“: Свештеникот Алексеј Јанг ја открива најчестата причина за развод на брак

Свештеникот Алексеј Јанг потсетува дека верноста во бракот не се сведува само на избегнување на прељуба.
Според него, секогаш кога сопружникот ќе стави на прво место нешто друго пред партнерот – било тоа работа, родители, хоби или забава – тоа исто така претставува форма на неверство.
„Вистината е дека ние не сме верни ниту тогаш кога работата, родителите, своето хоби или било што друго го ставиме на поприоритетно место од сопружникот. И тоа е неверство,“ стои во пораката.
Јанг нагласува дека секој што не е подготвен да го стави сопружникот пред кариерата, семејството или пријателите, всушност не е подготвен за брак. Ваквиот однос, според него, неминовно води кон распад на брачната заедница.
„Таков брак ќе пропадне. Бракот е за возрасни, а не за деца,“ истакнува свештеникот, со порака дека зрелоста и посветеноста се клучни темели на вистинското партнерство.
Оваа порака предизвика бројни реакции на социјалните мрежи, бидејќи потсетува дека љубовта и одговорноста во бракот бараат постојано вложување и приоритети кои го ставаат партнерот во центарот на вниманието.
М.С.К / Фото извор: Cudo