Ни државните, ни приватните градинки не отвараат: Родителите загрижени

Добивај вести на Viber

Прашањето за отворање на градинките е се уште горка тема за родителите кои мора да одат на работа, а нема каде да ги остават децата во текот на денот. Дел од нив се соочуваат со сериозни проблеми, од една страна со закани од работодавците дека може да останат без работа, од друга страна ги мачи грижата за децата кои по цели денови едноставно не можат да останат сами.

Младиот брачен пар Станковски од Скопје веќе два месеци наназад наизменично се грижи  за нивната три годишна ќерка. Велат дека и двајцата работат во иста компанија како правници, па во текот на работната недела одат на работа преку еден ден, но според нив тоа не е решение, зошто веќе и платите им се намалени, но и постои притисок од работодавачот дека понатаму не може така.

-Дадилка, односно жена која во текот на денот ќе се грижи околу нашата ќерка сега не е опција за чување на нашата тригодишна ќерка. Во овој кризен период единствено градинките се место каде малата би била најбезбедна од здравствен аспект, но во моментов се уште нема решение за отворање на овие установи, велат Станковски.

Одговори од неколку приватни градинки за тоа кога би можеле да ги отворат вратите за најмалите прочитајте ги на Фактор.мк