Никол Кидман ДОЖИВЕА СРАМ НА ГОДИНАТА на Канскиот филмски фестивал: ПЕРИКАТА Ѝ ИСПАДНА пред сите, а она што се виде ја шокираше јавноста

На црвениот тепих бројни ѕвезди се обидуваат да се истакнат и шармираат со својот изглед. Сепак, Никол Кидман навистина се истакна, но не онака како што сакаше. Имено, актерката доживеала вистински моден неуспех со перика на црвениот тепих на Канскиот фестивал.
Никол Кидман доживеала непријатна ситуација за време на актуелниот фестивал во Кан. На доделувањето на наградите Kering Women In Motion и на претседателската вечера, таа се појави со перика која требаше да додаде волумен на нејзината руса коса, но резултатот не ги исполни очекувањата.
Инаку, Никол по тој повод ја доби наградата „Kering Women in Motion“ за 2025 година. Оваа награда, востановена пред десет години, се доделува на жени кои оставиле револуционерен белег на филмот. За таа свечена пригода избрала заводлив долг тесен црвен фустан, поради што периката за малку ќе паднела во втор план.
Ѕвездата од „Мулен Руж“ носеше перика за да постигне младешки изглед и да додаде волумен на нејзината природна коса. Сепак, мрежата на периката беше јасно видлива додека позира пред фотографите, иако нејзината вистинска коса беше внимателно наместена одоздола да даде ефект на природност.
Ова не е прв пат Никол да носи перика, во текот на нејзината долга кариера често го менуваше изгледот на косата за улоги. Но овојпат техничките перформанси не беа на висина на задачата, што предизвика непријатна сцена пред бројните камери.
Извор: zena.rs