Нивната љубов беше шок за сите: Еве како се запознаа Северина и Игор Којиќ

Добивај вести на Viber

Веќе извесно време регионалните медиуми шпекулираат дека бракот на хрватската пејачка и српскиот фудбалски менаџер не цвета, а со години важеа за најхармоничен пар меѓу славните.

И покрај разликата од 15 години, Северина и Игор Којиќ изгледаа заљубено до уши, пресреќни и многу хармонични од самиот почеток на врската, која ја крунисаа со брак во ноември 2015 година.

Веќе некое време не сме ги виделе заедно, поради што медиумите шпекулираат дека нивната среќа завршила, но долго време се однесуваа како нивната врска да е неуништлива. 

Јавноста дозна за љубовта на Северина и Игор кога хрватската пејачка во интервју ги потврди гласините дека е во врска со синот на пејачот Драган Којиќ Кеба, а набргу потоа тие си кажаа „ДА“.

Многумина се интересираат како започнала нивната љубовна приказна, и како што изјави пред неколку години менаџерот и добар пријател на Северина, Едвин Софиќ, тој бил главниот „виновник“.

- Игор беше мој пријател, а јас сум како семејство со Северина долго време. Мило ми е што нивната врска заврши со брак - изјави тој за хрватските медиуми пред неколку години.

Наводно, Софиќ, кој има пријателски односи со многу српски и хрватски музички sвезди, го однел Игор на концертот на Северина во центарот „Сава“ и го однел во бекстејџот за да се сретнат. Како што пишуваа хрватските медиуми, тогаш се родиле првите симпатии, а наскоро започнала љубовта за која се уште се зборува.

извор:GLOSSY

Северина не му честиташе роденден на Игор: Објави фотка од летување на кое блеска од среќа