Нивната љубов нема граници: Ана Ивановиќ со емотивна порака му го честиташе 37-от роденден на сопругот
Се венчаа пред 5 години во Венеција, а денес го слават роденденот на Бастијан...
Поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ на својот Инстаграм профил сподели селфи со својот сопруг, германскиот фудбалер Бастијан Швајнштајгер, со која му го честиташе роденден.
Тие на фотографијата се насмеани и видно среќни. Бастијан е облечен во тегет сако, бела кошула и тегет вратоврска со бели точки, додека Ана е облечена во цветни дезени во беж, жолти и зелени нијанси.
Под фотката, Ана на својот избраник му го честиташе 37-от роденден со емотивните зборови:
„Да морам на некој да му покажам фотографија од совршен момет - тоа би било тоа. Среќен роденден љубов. Нема „совршено“ без тебе во мојот живот. Нека следната година ти донесе повеќе радост, изобилство и исполнување на твоите соништа. Те сакам“ - напиша тенисерката.
Ана и Бастијан оваа година прославија 5 години од бракот. Тие на 13 јули 2016 година се венчаа во Венеција.