Носи среќа, успех и здравје: Сите благодети на божурот

Божурот е растение кое секое семејство треба да го има во домот и тоа поради многу причини. Божурите цветаат во мај и јуни, а нивниот опоен мирис и одамна ги краси дворовите и домовите, а крие многу благодети.
Ја симболизира убавината и романтиката. Букетот од Божур се смета за предзнак на среќа. Затоа ова растение често се користи за свадби, за двојката да има среќен брак.
Освен што опојно мириса и раскошно изгледа, божурот поседува и лековити својства. Тој позитивно делува на нервниот систем, го подобрува помнењето, го намалува нивото на холестерол во организмот и позитивно делува на работата на црниот дроб.
Божурот е симбол на женственоста и нежноста без разлика во која боја доаѓа. Има 4 нијанси на божур: нежно розови, бели, жолти и вино боја. Доколку ги купувате, во тој случај гледајте да бидат во пупка. Во вазна тие можат да траат и до 5 дена – сè што треба да направите е да им ја менувате водата.
Сликите со божур најчесто се подаруваат и користат во ентериерот како талисман за успех и општа благосостојба.
Овој неверојатно убав цвет потекнува од Азија, од каде што со текот на годините е донесен и на европско и американско тло, во друштво со шипката, камелијата, хризантемата, азалијата и магнолијата.
Неговата убавина и фотогеничност, се само дел од причините поради кои мора да го имате во вашиот дом.