
Уште еден починет пациент како последица на коронавирусот.
Се работи за жена од Дебар која подолго време беше на респираторна машина - изјави министерот Филипче на прес-конференцијата, додавјќи дека имала 66 години, инаку примала хронична терапија за хипертензија.
Денеска беа регистрирани уште 29 нови случаи на заразени, со што бројката се искачи на 177.
Од новите случаи пет лица се од Кожна клиника кои се во самоизолација, но претходно немале никакви симптоми.