Животна училница // Приказни
Нови 36 позитивни случаи на Ковид-19, меѓу кои и медицинска сестра на Детската клиника

На Клиниката за детски болести има заболена медицинска сестра од коронавирусот, потврди на онлај прес-конференцијата министерот за здравство Венко Филипче.
Тој појасни дека станува збор за вработена на одделението за онкологија на оваа клиника и најави целосен скрининг, на сите кои се сместени на ова одделение, како и на вработениот персонал.
Денеска се потврдени нови 36 случаи позитивни на Ковид 19. Најмногу се од Скопје 22, па Куманово 4, по тројца во Прилеп, Струга и Велес и еден во Битола. Од Министерството за здравство соопштуваат дека со новите случаи, вкупниот број на заразени во земјава е 1117 луѓе. На Инфективната Клиника денеска починаа две пациентки, едната од Куманово, а другата од Крушево на возраст од 85 и 77 години.