Нови детаљи за жената која ѝ го роди синот на Марија Шерифовиќ: „Се дави во пари“!

Добивај вести на Viber

Марија Шерифовиќ пред две години, стана мајка со помош на сурогат-мајка и го доби синот Марио.

Марија секојдневно покажува колку и значи секој момент поминат со својот син Марио, за кој вели дека е нејзината најголема животна мотивација. На своите влогови и социјални мрежи обожавателите може да посведочат на емотивните средби на Марија со нејзиниот син, а во се е вклучена и нејзината мајка, познатата пејачка Верица Шерифовиќ. 

Но додека јавноста се прашуваше која е жената која го родила Марио и дали таа ќе има право да го гледа Марио понатаму низ животот, нејзината колешка, пејачката Нада Обриќ, сега откри непознати детали за жената која му го родила синот на Марија.

– Какви услови ѝ обезбедила на таа жена, сурогат мајката, тоа е нереално. Таа жена добила и од пиле млеко и многу богатство. Притоа, таа воопшто не е сиромашна ниту неписмена. Напротив, високо образована е. Има свое дете, има сопруг. Не знам како се одлучила да биде сурогат мајка, мислам дека тоа ѝ било прво искуство како сурогат мајка – рече Нада.

Сурогат мајчинство е постапка во која една жена — наречена сурогат мајка — носи и раѓа дете за друго лице или пар, кои потоа ќе станат родители на тоа дете. Тоа е сѐ почесто користено решение за парови кои поради медицински, биолошки или други причини не можат сами да имаат дете. 

Во земјите на Балканот, вклучително и Србија, сурогат мајчинството е забрането со закон, додека во земји како САД тоа е легална постапка. Токму затоа Марија Шерифовиќ се одлучила својот син Марио да го добие во САД.