Нови огласи за нови работни места во администрацијата: Да не требаше обратно?

Добивај вести на Viber

Додека се бара чаре за огромната превработеност во државната администрација, а се најавува и трансфер на вработени во приватниот сектор, новите вработувања не запираат. Во услови на криза, неизвесност и нови преиспитувања, постојано се појавува „недостиг“ на вработени во некои државни институции. Вработуваат и општините, а Фактор веќе објави за нивните огласи. Сепак новите работни позиции во државните институции ги иритираат граѓаните. Велат се вработува партиски. Дополнителен бран на огласи се очекува по назначувањето на новите директори во државните институции. Комплетирањето на третиот ешалон од извршната власт трае во моментов.

Управата за водење матични книги која функционира под Министерството за правда објави вчера два огласи. Бара 15 луѓе – референти односно матичари за повеќе одделенија. Платата не е висока - до 16 илјади денари, ама вработени може да бидат лица со вишо или само со средно образование.

Едно лице бара Владата во секретаријатот за законодавство – плата 21.000 денари.

На крајот на минатата недела оглас распиша и Јавното претпријатија за железничка инфраструктура- Железници на Македонија. Отворија 12 работни места за 15 луѓе.

Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен бара петмина нови луѓе.

Премиерот Зоран Заев најави неодамна дека ќе ја скрати јавната администрација за 20 проценти.

Целиот текст за новите огласи за вработување во администрацијата, почитајте го на Фактор.мк