Од Скопје со љубов — до Скопје со срам

Добивај вести на Viber

Постоеше време кога Скопје мирисаше на чист воздух, кога реката Вардар беше место за прошетка, а не за отпад. Градот имаше мерка, уредност и стил. Згради со југословенски минимализам, паркови со редени рози и улици по кои пешакот се чувствуваше сигурно и мирно.

Тогашните фотографии од 70-тите и 80-тите сведочат за град што дишел со природата, каде зеленилото било рамноправен дел од архитектурата, а не случајна декорација меѓу бетон и асфалт.


Денес, истиот тој град изгледа како да ја изгубил својата душа. Вардар повеќе не е центар на животот, туку граница меѓу кич и урбан хаос. Плоштадите се претворени во бетонски експерименти, а фасадите под слоеви гипс и боја ја кријат вистинската историја на градот. Наместо автентичен дух, гледаме пластичен сјај и евтини копии на минатото.

Скопје денес е град на контрасти — скап, но евтин по вкус; нов, но стар по дух.
И додека некогашното Скопје го паметиме по редот, уредноста и хармонијата, денешниот го живееме во врева, нечистотија и архитектонска конфузија. 

Она што некогаш беше „Поздрав од Скопје“, денес би звучело како „Извини за Скопје“.

Реално, но вистинито. Извини Скопје!


РЖМ / Ирена Ставрова