Oдбил третман со кислород откако дознал за смртта на сопругата: Починаа од коронавирус во ист ден

Маж и жена кои починаa во ист ден, биле заедно повеќе од 60 години.
Бил Дартнал (90) почина неколку часа по неговата сопруга Мери (81) во општата болница во Саутемптон. И двајцата тестирани позитивно на коронавирус.
Нивната ќерка Розмари рече дека нејзиниот татко одбивал понатамошен третман со кислород, откако дознал за смртта на неговата сопруга, „не сакаше да биде тука без мајка ми“.
Двојката, која била во брак 63 години, живееле во дом за привремена нега во хотелот „Холидеј ин“ во Саутемптон кога г-ѓа Дартнал се разболела и била донесена во болница на крајот на март.
Г-н Дартнал претрпе мозочен удар и беше примен во болница неколку дена подоцна, исто така позитивен на коронавирус.
Откако г-ѓа Дартнал почина во неделата, Розмари рече дека нејзиниот татко, кој се наоѓал во истиот оддел, одби да носи маска за кислород и почина мирно неколку часа подоцна.
„Тие беа тим. Животот не беше секогаш кревет со рози за нив, но пребродеа заедно се'. Тие беа прилично посебни луѓе, работеа исклучително напорно во текот на целиот живот и беа благословени во животот“, додаде таа.
„Доволно е ужасно што ги губите родителите, но да ги изгубите и да не бидете во можност да сте со нив и да ги држите нивните раце, е многу тешко“.
Сестрите планираат спомен обележје за нивните родители откако ќе бидат укинати ограничувањата за движење во време на пандемијата.
извор: BBC