Одбила хемотерапии и совети од лекари, сама го победила ракот на грло, по скоро 30 години изгледа сѐ помладо, благодарение на оваа состојка

Еден од најтешките периоди во животот на Маја Волк бил 1999 година, кога дознала дека боледува од коксакки вирус.
Неколку години подоцна ја погодиле нови удари – разводот од сопругот и смртта на мајка ѝ. Во април 2008 година лекарите ѝ соопштиле дека има карцином на грло.
„Кога ќе паднеш и кажеш дека не можеш повеќе, тогаш телото ти враќа со болест“, изјавила таа во едно интервју.
Лекарите инсистирале на итна операција и неколку дена подоцна ѝ биле отстранети гркланот и плунковните жлезди.
Следела хемотерапија која речиси целосно ѝ го уништила имунитетот. Маја морала повторно да учи да зборува, да голта и да пие, а од последиците ѝ опаднала косата и ѝ страдале забите и црниот дроб.
Судбината сепак ѝ донела пресврт. Запознала човек по име Груја, кој ја вовел во светот на суровата храна. Таа целосно го изоставила месото, млекото и јајцата, а престанала и да ја обработува храната термички. Со тек на време ѝ се подобрила крвната слика, имунитетот ѝ зајакнал, а резултатите се виделе и на кожата, косата и целокупното здравје.
„Имам чувство дека моите органи се чисти, нема киселини, нема непријатни мисли. Сè што е свежо или замрзнато ја задржува својата вредност. Ензимите ги уништува само загревањето,“ вели таа.
Денес Маја Волк одржува предавања ширум регионот и во дијаспората, а посветила и пет книги на суровата исхрана. Таа советува денот да започнува со овошје, за повеќе енергија и полесна детоксикација на организмот. „Јадете во сите бои секој ден“, порачува Волк, уверена дека токму храната ѝ го вратила здравјето и радоста кон животот.
Извор: ТУКА / Мета