Oгнот голташе сѐ пред себе: Згаснаа животите на 14 пациенти во ковид болницата во Тетово, стравични последици по пожарот

Добивај вести на Viber

По голема трагедија ќе се памети вчерашниот празник, на кој Македонија славеше 30 години независност.

Стравичен пожар во Тетово ја пеплоса модуларната ковид болница а во смрт однесе барем засега како што се потврдува 14 животи.

Згаснаа животите на 14 пациенти, додека од медицинскиот персонал има само повредени.

Телата на жртвите се пренесени во форензичкиот центар, а покрената е истрага за несреќата.

Во пожарот што избувна во средата вечерта има многу повредени кои во текот на ноќта беа префрлени во болницата во Скопје.

Пожарот избувнал околу 21 часот, и иако итните служби и пожарникарите веднаш пристигнале на местото на страшната трагедија, привремената болница целосно изгорела.


Тројца јавни обвинители од Тетово, како и двајца од Скопје, вршат увид во . Точната причина за пожарот ќе биде позната по истрагата.

Во соработка со припадници на МВР, веднаш е започнат увидот. Обвинителите издадоа наредби за обдукција и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот, а се испитува и дали има и други починати лица. За некои од починатите ќе биде потребна ДНК анализа за да се утврди нивниот идентитет. Според првичните сознанија, меѓу починатите нема медицински персонал.

До раните утрински часови, обвинителите сослушаа вработени во модуларната болница со цел да се утврдат причините за пожарот.

- Пожарот е предизвикан од експлозија. Пожарот беше изгаснат, но исто така згаснаа многу животи - изјави премиерот на Северна Македонија Зоран Заев, кој пристигна на местото на трагедијата.


Фото: Принтскрин Твитер