Оние што не биле сиромашни, се во ризик да западнат во сиромаштија - Светска банка за влијанието на кризата врз Македонија

Добивај вести на Viber

Светска банка изгледа дека е загрижена за македонската економија. Во нивниот најнов Ејономски извештај кој се однесува за Европа и Централна Азија предупредуваат дека нашиот раст ќе биде понизок отколку во сличните земји, а она што е накопасно, е што многу луѓед кои не биле сиромашни, сега можат да западнат во сиромаштија. 

Пандемијата силно ја погоди економијата: блокада, нарушени синџири на снабдување и продолжена неповолна епидемиолошка состојба дополнително ги намали веќе затемнетите изгледи, предупредуваат во Извештајот од Светска банка.

„Владините програми за поддршка на компаниите и граѓаните имаше донекаде влијание врз работниците и фирмите, но фискалниот простор се стесни, со тоа што нивото на долг се доближи до 60 проценти од БДП. За поблиска иднина има поголем број негативни ризици. Додека економските и социјалните мерките за санирање на кризата ќе бидат приоритетни, сепак се неопходни фискални, конкурентни, еколошки и реформите во управувањето, со цел закрепнување на земјата и пристапување во ЕУ“, се вели во извештајот.

„Долгот се зголеми на 59,5 проценти од БДП во јуни 2020 година“, се вели во извештајот. 

Светските банкари предупредуваат дека економијата се соочува со рецесија од 4,1 проценти во 2020 година, што ќе биде најголем пад од 2001 година. Контракцијата на побарувачката и понудата ќе направат кризата да има влијание врз сиромаштијата. На среден рок, растот се очекува да се врати, бидејќи епидемијата губи сила. Политичка стабилност по општите избори и започнување на преговорите за пристапување во ЕУ треба да ги зајакне реформите и довербата на инвеститорите, така што штом ќе заврши кризата, растот скока побрзо. Во ова сценарио на постепено закрепнување, растот во 2021 година се очекува да достигне 3,6 проценти, како што ќе се обновува потрошувачката и довербата на инвеститорите. Тоа ќе ја зголеми и лична потрошувачка, приватни инвестиции и извоз“, се вели во очекувањата на Светска банка.


Повеќе информации за темава прочитајте на Фактор.мк