„Оплоди малолетна кобила, помлада е од тебе 50 години“ – Ведрана Рудан напиша шокантно писмо за разводот - на гробот на нашата љубов ќе ставам 4.000 €

Добивај вести на Viber

Познатата писателка Ведрана Рудан во првиот брак, кој траел четиринаесет години, добила ќерка Асја и син Славен. По разводот, повторно се омажила за адвокатот Љубиша Драгељевиќ, осум години помлад Србин, со кој три децении живееше во Риека.

Токму тој брак, полн со страсти, љубов и конфликти, Рудан без заобиколување често го коментираше јавно, особено во своите колумни кои предизвикуваа лавина реакции. Во една од нив, насловена „Триесет години и лонец полнети пиперки“, таа на свој начин ја опиша брачната заедница.

Наместо вообичаени романтични фрази, Рудан духовито и цинично нагласи дека нивниот брак не го дефинирале клишеа, туку лонец полнети пиперки. Таа се присети на венчавката, белата венчаница и фактот дека веќе била бремена, како и на бројните моменти во кои љубовта, кавгите и секојдневието се преплетувале.

Со време, според неа, дошле и промените – од сопругот кој години носел волнени хулахопки заради здравствени проблеми, до неговата изненадна трансформација со „Calvin Klein“ долна облека. Сепак, вистинската пресвртница настапила кога тој ја напуштил куќата и започнал нова врска со многу помлада жена.

Рудан не го премолчи ни правниот дел од приказната. Таа отворено раскажа за борбата околу поделбата на имотот, за адвокатските закани и за нејзината одлука куќата да ја префрли на синот за да ја заштити. „Нема да се предадам без борба,“ напиша таа, додавајќи дека и самата има средства и сила да води долга битка.

И покрај сите огорчени зборови и иронични описи, Рудан призна дека животот со Љубиша оставил белег: „Кога денес погледнам назад, пред очите ми е огромен лонец полнети пиперки, не неговиот кур…“

Денес, писателката живее сама во стара куќа на брегот на морето, стара 400 години. Иако безмилосно го „сечела“ сопствениот брак на страниците на своите колумни, ја чека уште потешка битка – борбата против карциномот. Таа отворено призна дека животот никогаш не ѝ бил едноставен и дека низ него поминала со бројни предизвици, но и со својата препознатлива острина и храброст.

Извор: Kurir.rs / Википедиа