Отровот предизвикува силни болки и се шири низ целото тело: Сања раскажува за голготата што ја поминала со стоногалките во нејзиниот дом

Добивај вести на Viber

Ако некогаш сте забележале како нешто ситно и неверојатно брзо се движи по подот, веројатно сте се сретнале со куќна стонога.

 Овие многуноги најчесто живеат во влажни простории – купатила, подруми, тераси или слабо изолирани делови од домот. Иако изгледаат застрашувачки, не се толку опасни како што делуваат — напротив, се хранат со други инсекти и можат да бидат корисни.

Жена од Србија раскажала дека по реновирање на терасата, во зима почнале да ѝ се појавуваат овие инсекти во куќата. 

„Брзи се како метак! Читав дека нивниот убод предизвикува болка и оток, но не знам како да ги избркам“, напишала таа.

Во коментарите луѓето споделувале совети. Некои објаснувале дека куќните стоноги се предатори што уништуваат други инсекти, па нивното присуство може да значи дека има друга наезда во домот.

 „Нема потреба да ги убиете, тие работат за вас“, напишал еден корисник.

Но имало и лични искуства. Една жена тврдела дека ја убола стонога додека спиела и почувствувала силна болка во телото што траела неколку дена.

Меѓу советите за отстранување се споменати сода бикарбона во аглите на домот, отстранување на влага и внимателно исфрлање на инсектот надвор. „Покријте ја со кутија, лизнете лист хартија под неа и изнесете ја надвор – тие сакаат места со камења и влага,“ предложил еден корисник.

Извор / EPA / WIKIPEDIA