Ова е единствениот начин на кој се гледаме со недели: Ја донесов најтешката одлука заради коронавирусот

Добивај вести на Viber

Ова е моето семејство - мојот сопруг, два сина и ќерка. Ова е единствениот начин на кој се гледаме со недели.

Џеј Шорт е медицинска сестра. Од претпазливи причини, таа го гледа семејството на овој начин со недели, и така ќе остане во наредните неколку месеци. Ја сподели сликата за да им ја објасни на луѓето тежината на ситуацијата.

- Јас сум на фронтот во борба против коронавирусот. Моето бебе е родено минатата година и се бори со респираторни инфекции уште од раѓање. Бројот на пациенти се зголемува, моите колеги се заразени и постојано сум во контакт со заразените. Поради сето ова, ова е единствениот начин како ќе го гледам моето семејство во следните неколку месеци.

Тоа е најтешката одлука што сум ја донела досега. Не сакам да ги оставам, но би било себично од мене да бидам со нив. Ми се крши срцето. Седуммина мои колеги веќе починаа. 

Ги оставам семејството и децата за да можам да одам на работа и да се грижам за другите на кои им треба помош. Го ризикувам сопствениот живот доколку е потребно, но не сакам да го загрозам семејството. Затоа ве молам и ве молам да останете дома. Само следете ги правилата и препораките.

Сакам да бидам дома со моите деца. Сакам да ги искапам, да ги гушкам и да ги бакнувам - ништо од ова не можам се додека не заврши ова. Животот ми е свртен наопаку, но се жртвувам себеси во корист на сите нас - вели таа на Фејсбук.