Ова е првиот сопруг на Брижит Макрон: Ќерките никогаш не ѝ простија што му го загорча животот, а по неговата смрт ја спуштија мајка им со оваа изјава

Францускиот претседател Емануел Макрон (47) и неговата сопруга Брижит Макрон (72) овие денови се во центарот на јавноста откако се појавија информации дека ќе поднесат судска тужба во САД со фотографии и научни докази за да докажат дека првата дама е жена.
Повод за тужбата е клевета од десничарската американска инфлуенсерка Кендес Овенс, која тврдеше дека Брижит била родена како маж.
Сопружниците се во брак од 2007 година, но малкумина знаат дека Емануел не ѝ бил првиот сопруг. Првиот сопруг на Брижит бил Андре-Луи Озије, роден 1951 година, а починал крајот на 2019 година. Тој бил банкар и се држел подалеку од очите на јавноста. Со Брижит се венчале во 1974 година и добиле три деца – ќерките Тифани и Лоренс и синот Себастиен.
Според биографијата на Брижит, разводот бил тежок: „Кога те замени ученикот на твоите ќерки, тинејџер што толку често го примаше дома, не е лесно да се зацели раната. Банкарот, кој не беше многу сентиментален, не одолговлекуваше и замина.“ Формално, разводот бил завршен во 2006 година.
Веста за смртта на Андре долго се чуваше во тајност, а младата ќерка Тифани во 2020 година откри дека тој починал во 2019 година. „Мојот татко е мртов. Се простив со него во најстрога приватност на 24 декември. Го обожавав, беше посебно суштество, неконформист кој ја ценеше својата анонимност повеќе од сè“, изјави таа.
Андре е погребан на гробиштата Пер-Лашез во Париз, познати како вечен дом на Џим Морисон и Оскар Вајлд. Брижит никогаш не коментирала јавно за неговата смрт, почитувајќи ја приватноста на семејството.
Извор / Фото: Wikipedia