Ова се свекорот и свекрвата на Ана Ивановиќ: Моника Швајнштајгер ДАМА за пример, а да видите како изгледа господинот Алберт ... ФОТО

Добивај вести на Viber

Бастијан Швајнштајгер, легендарниот германски фудбалер е омилен меѓу Србите. Не само затоа што Ана Ивановиќ го избрала, туку и поради тоа што сака да доаѓа во Белград и што ревносно го изучува српскиот јазик поради неговата убава сопруга. Згора на тоа, тој изговара некои фрази како да е роден таму.

Бастијан Швајнштајгер е роден во Колбермор, мал град во Баварија. Неговиот татко Алфред е претприемач, кој некогаш поседувал спортска продавница во Обераудорф. Во тој град славниот спортист заедно со својот постар брат Тобијас почнал да игра фудбал.

Мајката Моника од првите чекори им беше најголем поддржувач, а денес со задоволство се грижи за внуците. Тобијас Швајнштајгер работи како тренер за Оснабрик и има едно дете.


Бастијан Швајнштајгер и Ана Ивановиќ, како што знаеме, имаат три сина, па често ангажираат „баба сервис“, нејзината мајка Драгана или неговата Моника. И двете уживаат во овие улоги.

Како што еднаш откри познатиот фудбалер, неговиот татко е неговиот омилен партнер за трчање, а мора да се признае дека господинот Алфред навистина е во одлична форма со оглед на неговите години.



Убавата белграѓанка одлично се вклопи во семејството Швајнштајгер, а симпатичниот Басти одлично се сложува со родителите и братот на Ана. Совршен пример за среќен пар кој ужива во заедничкиот живот и создава сè заедно.

View this post on Instagram

A post shared by Bastian Schweinsteiger (@bastianschweinsteiger)



Сепак, во последните неколку месеци се шушка за развод на познатиот пар. Засега нема ни потврда ни демант за оваа информација.



ФОТО: Инстаграм