Овие работи не сте ги знаеле за познатиот Тарантино, а еве зошто не сака да ѝ дава пари на сопствената мајка

Добивај вести на Viber

Иако, ја започна својата кариера како актер, Тарантино влезе во режисерските води уште во 90-тите години и го воодушеви светот со неговите филмови. Денес, неговите филмови стануваат култни класици, а Квентин стана лик на поп-култура за кој сите знаат. Тој успеа да изнесе на платно доста интересни приказни, многу интересни ликови, но и крвави акции, кич ефекти и заговори што никој не ги очекува.

Иако веројатно знаете многу за неговите филмови, веројатно знаете малку за Квентин, па ајде да ги отвориме очите малку и да се запознаеме со еден од најдобрите режисери на сите времиња.

1.Неговиот татко бил музичар и актер

Тони Тарантино, роден во Бруклин во 1952 година основал филмска продукција за подоцна да стане и пејач. Нажалост, Тони никогаш не бил присутен во животот на Квентин и никогаш не го запознал.

2.Работел во видео клуб до својата 26та година

Квантин долги години работел во видео клуб и тој вели дека во слободното време изгледал доста филмови и тука му се јавила желбата за снимање и режисирање филмови.

3.Неговата мајка тврди дека неговиот коефициент на интелегенција изнесува 160

Иако го напуштил школото додека бил дете, Квентин се покажа дека е интелегентен и доста начитан човек. Поради тоа неговата мајка тврди дека неговиот коефициент на интелегенција изнесува 160 и дека тој е вистински генијалец. Меѓутоа, Квентин никогаш нема направено тест за интелегенција, па така ова не е потврдено.

4.Бил во врска со Софија Копола

5.Обожава рокабили песни и го обожава Елвис Присли

Кралот на филмовите го обожава кралот на рокенролот и вели дека навистина жали што Елвис прерано умре и дека светот на музиката би бил многу поразличен доколку тој живеел подолго.

Американскиот сценарист, филмски режисер и критичар, продуцент и актер Квентин Тарантино откри дека тој не и помага финансиски на својата мајка бидејќи таа ги исмевала неговите способности за пишување.

Тој беше награден со Оскар и денес има проценета вредност од 120 милиони долари. Меѓутоа, од дванаесетгодишна возраст се заколна дека нема да ги подели парите со неговата мајка, која сега има седумдесет и две години. Тој сѐ уште се придржува до тие одлуки.