Панчо за бабата со цвеќиња: Мора за да ги прехрани внуците и децата на нејзиниот починат син

Добивај вести на Viber

Ќе ве трогне до солзи овој статус кој го постираше на социјланите мрежи Владимир Блажев- Панчо од дуото ДНК. Панчо- секоја чест:

„Карпош три, веднаш на паркингот на Тинекс здогледав стара бабичка која седи со главата надоле, а пред неа 2-3 гајби со прекрасно тазе набрани букети цвеќе. Тргнав кон неа и ја поздравив, ја крена главата ме погледна и едвај ме поздрави назад. Веднаш ја познав, тоа беше баба Ѓурга и просто не ми се веруваше дека сеуште “работи” и покрај староста. Во тој момент, погледот на тие измачени очи, гласот и изгледот на тие збрчкани рацете ме скаменија. Очи кој кажуваа многу без баба Ѓурѓа да треба да изусти ниту еден збор. Ја запрашав дали е добра, уште колку букети останале и дали ако и ги купам сите ќе си иде веднаш дома за да се одмори од топлово?

Ме гледаше десетина секунди збунето па ми кажа: Земи ги синко ако не ти е скапо ама знам дека тоа се многу пари, Премолчив на тоа, се насмевнав горко и ја замолив да ги изброи и каже колку би ме чинеле сите. Почна да брои но сфатив дека не може сама па заедно го сторивме тоа, а додека броевме си направивме муабет и почна самата низ солзи да ми раскажува за нејзиниот живот кој рече дека не го посакува ни на најголемиот душман. Плачев и јас но во душата за да не ме гледа баба Ѓурѓа и ја слушав внимателно со грутка во срцето. Кога изброивме и кога и ги дадов парите ( 1.100денари ) ме праша кој сум јас и што работам. И кажав дека сум никој и ништо, дека немам посебна титула во општеството и дека пробувам да останам ЧОВЕК помеѓу сите луѓе. Не знам дали ме сфати ама не е ни битно, најбитно е да знаеме дека баба Ѓурга има 88 години ( родена 1932 ) работи на ДОЖД, СНЕГ, ВЕТЕР и ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ и работи не од што сака туку од што МОРА за да ги прехрани внуците и децата на нејзиниот починат син.
Има букети од 25 и 50 денари, па би ве замолил ако ве носи патот натаму да купите, а со тоа да и помогнете на баба Ѓурга. Само треба да ја осетите таа енергија која ја има за да сфатите колку е суров животот.
Букетите се прекрасни и секогаш тазе набрани, а баба Ѓурга е мојот нов идол и кога ќе ја запознаете убеден сум дека ќе стане и ваш„

 

View this post on Instagram

Карпош три, веднаш на паркингот на тинекс здогледав стара бабичка која седи со главата надоле, а пред неа 2-3 гајби со прекрасно тазе набрани букети цвеќе. Тргнав кон неа и ја поздравив, ја крена главата ме погледна и едвај ме поздрави назад. Веднаш ја познав, тоа беше баба Ѓурга и просто не ми се веруваше дека сеуште “работи” и покрај староста. Во тој момент, погледот на тие измачени очи, гласот и изгледот на тие збрчкани рацете ме скаменија. Очи кој кажуваа многу без баба Ѓурѓа да треба да изусти ниту еден збор. Ја запрашав дали е добра, уште колку букети останале и дали ако и ги купам сите ќе си иде веднаш дома за да се одмори од топлово? Ме гледаше десетина секунди збунето па ми кажа: Земи ги синко ако не ти е скапо ама знам дека тоа се многу пари  Премолчив на тоа, се насмевнав горко и ја замолив да ги изброи и каже колку би ме чинеле сите. Почна да брои но сфатив дека не може сама па заедно го сторивме тоа, а додека броевме си направивме муабет и почна самата низ солзи да ми раскажува за нејзиниот живот кој рече дека не го посакува ни на најголемиот душман. Плачев и јас но во душата за да не ме гледа баба Ѓурѓа и ја слушав внимателно со грутка во срцето. Кога изброивме и кога и ги дадов парите ( 1.100денари ) ме праша кој сум јас и што работам. И кажав дека сум никој и ништо, дека немам посебна титула во општеството и дека пробувам да останам ЧОВЕК помеѓу сите луѓе. Не знам дали ме сфати ама не е ни битно, најбитно е да знаеме дека баба Ѓурга има 88 години ( родена 1932 ) работи на ДОЖД, СНЕГ, ВЕТЕР и ПЕКОЛНИ ГОРЕШТИНИ и работи не од што сака туку од што МОРА за да ги прехрани внуците и децата на нејзиниот починат син. Има букети од 25 и 50 денари, па би ве замолил ако ве носи патот натаму да купите, а со тоа да и помогнете на баба Ѓурга. Само треба да ја осетите таа енергија која ја има за да сфатите колку е суров животот. Букетите се прекрасни и секогаш тазе набрани, а баба Ѓурга е мојот нов идол и кога ќе ја запознаете убеден сум дека ќе стане и ваш

A post shared by Pancho | DNK (@djshortypofficial) on