Папарацо фотографија од Тарабунов: Поради оваа негова карактеристика, публиката го обожава

Добивај вести на Viber

Познатиот пејач Александар Тарабунов – Тара беше сретнат од екипата на „Женски магазин“ на бензинска пумпа во близина на Градско, каде уживаше во еспресо и краток одмор. 

Враќајќи се од настап во Битола кон Скопје, Тара изгледаше лежерно и опуштено, подготвен за пријателски разговор.

Расположен како и секогаш, со насмевка на лицето, љубезно разговараше со обожавателите кои го препознаа и побараа фотографија.

Позитивната енергија и близината со публиката уште еднаш ја потврдија неговата скромност и популарност.