Пирги, грчкото село што мириса на „мастика“ и изгледа како уметничка слика (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

„На југот од островот Хиос се наоѓа магичното село Пирги, најпосебното и најфотогеничното на островот.

Познато е како „селото на мастиката“ бидејќи со векови тука се произведувала скапоцена мастика - производ што ја обликувал историјата и трговијата на целиот остров.

Она што го прави Пирги сосема уникатен се куќите украсени со црно-бели геометриски шари, таканаречени ксист. Оваа техника ја донеле Џеновците во 14 век и не постои никаде на друго место во Грција освен тука!

Ако сакате да талкате низ тесни улички и да откривате скриени бисери - Пирги целосно ќе ве воодушеви“, вака е опишано грчкото селце како од бајките на инстаграм профилот „Grckainfo“.

Септември е идеален месец за да заминете на вашето патување за кое одамна сте о посакувале.

Доколку трагате по нешто ново, непознато, и каде што сакате да доживеете несекојдневно искуство, дефинитивно ова бајковито селце може да ви го овозможи тоа. 

Иако според „Booking“ сметувањата се малку „соленки“ сепак она што ќе го видите и доживеете нема цена.

Пирги (Πυργί), лоцирано околу 25 км јужно од главниот град на Хиос, е средновековно село со население од околу 1 063 жители според пописот од 2021 година. Селото е познато по традиционалната култивација на мастика — Пирги е централен симбол на ова наследство.

Пиргинската кула, која му го дала името на селото, се издига во центарот и е опкружена со ѕидови и четири кули — ефектен архетектонски отпор на пиратски напади во минатото. Благодарение на среќен пресврт — селото не е погодено од катастрофалниот земјотрес во 1881 година — неговата средновековна структура останала речиси недопрената до денес.

Ароматичната смола од мастиковите дрвја, е културно наследство заштитено од УНЕСКО. Ова „бело злато“ е синоним за Хиос — се користи во медицината, козметиката, храната и ликерите со заштитен географски назив (PDO) во Европска Унија.

Во Пирги функционира и музеј на мастика (Mastic Museum), отвoрен во 2016 година, што ја прикажува културата и економската улога на мастиката низ времето.

View this post on Instagram

A post shared by YiannaSavvidoua (@yiannasavvidoua)

Промените во селото се минимални — заради строгата архитектонска контрола и локалната традиција, Пирги нуди впечаток дека чекорите низ жив споменик. Улиците се тесни, прекриени најразлично бои и шари — идеални за сценографија од филм.

Во текот на летните празници, Пирги се буди со локална музика, танц, фестивали и деликатеси од мастика — искуство што го спојува минатото со живата традиција.

Фото: Инстаграм
Г.Д.Г