Плачев од мака и беспомошност: Шокантна исповед на актерката за 2-годишниот син, кој уште нема прозборено

Добивај вести на Viber

Актерката и нејзиниот сопруг не се откажуваат од желбата да ги слушнат првите зборови на својот син, поради што постојано се во контакт со логопедите кои работат на тоа за малиот Јаков да проговори...

Хрватската актерка Маријана Микулиќ е мајка на три момчиња, а нејзиниот најмлад син Јаков (2), многу често е тема на разговор, не само во медиумите, туку како што вели актерката и на социјалните мрежи.

Маријана пред неколку месеци на јавноста ѝ соопшти дека нејзиниот најмлад син сѐ уште не зборува и дека одбива било каков вид на комуникација и интеракција со луѓето, додека пред членовите на семејството има нагли промени во расположението.

View this post on Instagram

A post shared by Marijana Mikulić (@maremikulic)

Сепак, многумина по оваа нејзина објава си дадоа за право, нејзината борба јавно да ја искоментираат, поради што актерката со потресна, но остра порака се огласи на Инстаграм:

„Лесно е да се зборува. Јас многу добро знаев како да одгледувам, додека немав деца. Моите деца нема да имаат нервозни испади, ниту јас, некогаш, ќе бидам тивкиот лидер кој секогаш ги гасне пожарите со прегратки полни љубов (ако кај моите деца некогаш се случат тие пожари). Секогаш ќе имам трпение, љубов, за своите деца подеднакво, нема да ме допираат ничии коментари од страна, ќе го живеам својот живот“ - ја започна својата приказна, а потоа додаде:

View this post on Instagram

A post shared by Marijana Mikulić (@maremikulic)

„Животот ме демантираше низ многу подрачја, особено во мајчинството, многу пати, толку многу работи попуштав, претерував, исплакував солзи, што од мака, што до немоќ,  пливајќи возводно, упорно и кога бев при крај со силите. Сега пливам само како ќе ми диригира Јаки, ако му биде добар денот ќе се дружиме, ако не или сѐ се откажува или се доаѓа порано со извинување дека можеби брзо ќе си одиме. Нема ништо на сила, нема седење, пиење кафе, еден од нас секогаш на нозе во низок старт. Луѓето ни објаснуваат кој сѐ подоцна проговорил, како ние самите да немаме дома две деца кои подоцна проговориле, машки, како и Јаков (тоа е чест аргумент, дека машките деца подоцна прозборуваат).

Зошто воопшто го пишувам ова. На одмор сме, кај своите, одиме тогаш за да ги видиме пријателите, кумовите, луѓето кои ги гледаме само кога сме тука. Сите се трудат, но ретките имаат разбирање, ретките воопшто сакаат да разберат, поголемиот дел не гледаат како да не сме нормални, ние, детето, не знам. Бидејќи, кога ќе го видиш дете без нозе знаеш дека не може да трчи. А, кога ќе видиш весело, здраво, моторични способно тригодишно дете, сите мислат дека родителите не му се нормални, бидејќи мислат дека на момчето му треба помош.

А, потоа Јаков има еден час со непрекинато плачење или бега од влезната врата, бидејќи сака да побегне, па мораме да вклучиме цртани за да смири, иако екраните мора да ги избегнуваме... Драги луѓе, јас толку многу сакам да ви верувам на вас, а не на експертите, толку сакам да верувам дека двете институции (6-те експерти) погрешиле во проценката, а дека вие сте во право без ден во подрачјето на логопедијата, психологијата, дефектологијата, рехабилитацијата. И сама верувам и се надевам на подобро.

Но, само да знаете дека со својата приказна не помагате, иако не се сомневам дека намерите ви се добри. Знаете, некогаш, кога човек не знае што да каже, може и да премолчи, не знаеме и не мораме сите да знаеме сѐ“ - јасно даде до знаење, мајката која од борбата за здравјето и насмевката на своето дете нема да се откаже.