Дино Мерлин со песна по 6 години: „Ние“ со силна порака и Македонец заслужен за уметноста на телата на танчерите

Добивај вести на Viber

Конечно! После долги 6 години, Дино Мерлин изненади со нова песна.

- Во време на пандемија, уште еднаш гледаме како сме насочени едни кон други, како зависиме едни од други, како сме заедно во ова и како само заедно можеме да ја преживееме оваа нова неволја што не' снајде и колку повеќе од кога и да треба да бидеме „Ние“ - изјави Дино Мерлин по повод новообјавената песна.

Во подготовката на спотот за песната „Ние“ учествувале над стотина луѓе, меѓу кои и македонецот Бојан Ковски како body-artist. 

Односно Ковски е заслужен за уметноста по телата на сите танчери во спотот, а минатата година за Женски магазин, Ковски изјави дека бојата е неговата главна мотивација и радост во денот. Прелевањето на различни бои и нијанси, како што проаѓа времето, секогаш го прават среќен. Нивната разиграност го мотивира во работата, а начинот на кој што бојата се прелева од една во друга нијанска и формира слика која што ние ја гледаме, вели дека тоа е она што ја нахранува неговата инспирација.

„Ние“ - првата песна од дванаесеттиот студиски албум, после „Хотел Национал“ од 2014 година, ја воодушеви публиката, а силната порака што ја има песната им е потребна на сите во овој момент.

- Песната „Ние“ е песна за нас во светот што се менува и за нас кои се менуваме заедно со светот, сакале или не. Дали ова ќе биде промена на подобро, зависи не само од светот, туку и од нас - рече Дино Мерлин.
Планот беше синглот да излезе на пролет оваа година, но поради пандемијата со коронавирусот, објавувањето на песната беше одложено за некои подобри времиња.

- Со оглед на тоа дека подобрите времиња доаѓаат полека, животот продолжува, а пандемијата, се чини, нема намера брзо да замине, животот и „Ние“ мора да продолжиме понатаму. Животот не чека, така што „Ние“ нема да чекаме живот, треба да живееме и да работиме. Така, пролетта за песната „Ние“ пристигна на крајот на октомври - рече кантавторот.

Една од пораките на песната „Ние“ е дека не смееме да губиме оптимизам, верба и надеж, иако времето не е најсреќно и дека мора да си покажеме дека можеме да излеземе од лошите времиња како подобри и поблагородни луѓе.

Слушнете ја песната „Ние“ од Дино Мерлин и уживајте:


Поврзани вести:

-Сите ја пееме, но всушност има болна вистина: Тогаш Дино Мерлин се лекувал на психијатрија
-Синот на Дино Мерлин кој никогаш не го гледаме во јавноста: Хамза е копија на својот татко
-Нејзините родители сакаа да нѐ разделат: Дино Мерлин за тајната венчавка со сопругата