По болките и итната операција, конечно се огласи пејачката: Ивана Петерс сподели фотографија од својот дом

Добивај вести на Viber

Болките сега се минато..

Откако пред една недела почувствувала здравствени тегоби, пејачката Ивана Петерс беше примена во болница, каде се воспоставило дека има напад на жолчката, поради што трпела силни болки.

По советот на докторите на Ивана ѝ е направена лапараскопска операција со што ги избегнала компликациите, а сега успешно заздравува во својот дом.

Обожавателите ги смири со фотографија, преку која покажа дека се чувствува добро.

View this post on Instagram

A post shared by Ivana (@ivanapeters)

На фотката друштво ѝ прави домашниот миленик, а Петерс порача дека околу неа има само мир и љубов.

Пејачката по вторпат има сериозни здравствени проблеми, со оглед на тоа дека пред 5 години доживеа благ инфаркт на едно од снимањата.