По дождот и студот, Славчо Попоски открива какво време ќе имаме за Велигден
Иако овој месец април имаме невообичаено студено време, метеорологот Славчо Попоски вели дека за големиот христијански празник Велигден сепак ќе имаме убаво време.
Објаснува дека според прогнозите ќе следи стабилизација, ќе имаме топло време, со температури од 20 или повеќе од 20 степени.
„Во следните денови очекуваме пораст на температурите на воздухот. За Велигден исто така ќе биде топло и без некои пообилни врнежи. Од сега гледано температурите ќе бидат околу, но и над 20 степени. Точно е дека овој април е постуден од вообичаеното, а забележавме во изминатиот период и значителни врнежи од снег во регионот. Температурите беа пониски дури и за 20 степени од нормалните во регионот. Кај нас беа пониски некаде за околу 10 степени и тоа не е малку. Но, тоа е нормално за нашиот регион и тоа е така затоа што сме под директно влијание на студените воздушни маси кои се спуштаат од север. Во регионот април беше врнежлив, но кај нас и не баш поради тоа што немаме толку многу врнежи во Македонија. Имаме, но не многу обилни“, рече Попоски.