По смртта на кралицата Елизабета Втора: Вилијам и Кејт со децата добија нови титули и презимиња

Добивај вести на Viber

фото:profimedia

По смртта на кралицата Елизабета Втора, членовите на кралското семејство добија нови титули. 

Принцовите Џорџ и Луис и принцезата Шарлот имаат нови титули и презимиња, нови титули добија и Вилијам и Кејт Мидлтон

Една од најголемите промени секако е на тронот, па поранешниот принц од Велс, Чарлс, стана крал Чарлс III, а неговата сопруга Камила, кралицата Консорт, како што ја нарекуваат Британците.

Во еден момент се спомнуваше дека новиот крал би можел да стане Вилијам, но сепак ќе чека да го наследи тронот од неговиот татко.
Досега Вилијам и Кејт Мидлтон беа војвода и војвотката од Кембриџ, но со доаѓањето на Чарлс на престолот се менуваат и нивните титули.

Имено, Вилијам ја наследува претходната титула на татко му, па тој и Кејт стануваат принц и принцеза од Велс. 

Што значи ова за нивните деца, Џорџ, Шарлот и Луис?

Децата до сега го носеа презимето Кембриџ, по титулите на нивните родители, а отсега ќе се смени во Велс. И на погребот на кралицата Елизабета, Шарлот и Џорџ беа прогласени за принц и принцеза од Велс.

На овој начин титули добивал и принцот Вилијам - додека не се оженил бил и принц од Велс, а по бракот со Кејт Мидлтон го добил војводството од Кембриџ, додека неговиот брат Хари заедно со Меган Маркл станал војвода на Сасекс.

Да потсетиме дека принцот Хари наводно е фрустриран и лут затоа што мисли дека ќе стане ирелевантен штом неговиот внук Џорџ ќе наполни 18 години.

извор:GLOSSY

Светот се наежи кога Кејт на погребот на Кралицата излезе од автомобилот, на Меган јасно и е ставено до знаење каде и е местото (ФОТО)

Од што сè трeба да се откажат жените мажени во кралското семејство: Кејт, Меган, Камила и Сара - судбина тешка како црна земја