По три децении повторно заедно: Марија и Боба ги откриваат сите тајни на продолжението на „Жикина династија“

Добивај вести на Viber

Уште сега, голем интерес предизвика продолжението на култната серија „Жикина династија“. Сценариото за 11 - тото продолжение под назив „Луди години“ го потпишува Милена Марковиќ, а режијата е на Милан Коњевиќ. По три децении, во улогите на Марија и Боба ќе се најдат Риалда Шебек и Владимир Петровиќ.

Владимир за понудата да биде дел од продолжението на „Жикина династија“ вели: „Кога го добив повикот за продолжението на овој серијал, прво помислив на првиот филм „Луди години“, со кој сето ова започна. Од тогаш поминаа 40 години. Младите го паметат како ТВ серијал, но тој е правен како филмски серијал за во кино. Во текот на годините имавме повеќе продолженија, отколку некое светски блокбастери во тоа време. Беше првиот домашен филмски серијал. Пред тоа постоеја само телевизиски серии. Но, на крајот од денот мислам дека ова ќе биде едно добро враќање. Боба во новиот филм е дедо и има два внука. И јас денес во приватниот живот сум дедо и имам три внука.“

Владимир откри и дали се гледал со Риалда во изминатите години, но што му било најтешко за време на снимањето на серијалот.

„Се гледав со Риалда. Таа долго беше во странство. Инаку, на снимањето ништо не ми беше тешко, бидејќи сето тоа го доживував како голема игра. Сѐ ме интересираше. Филмот е прекрасна магија и синтеза на сите гранки на уметноста. Најмногу го паметам гостувањето на Филмскиот фестивал во Пула. Поради сето тоа чувствувам одговорност и обврска повторно да се појавам во овој филмски серијал, кој ја одбележа младоста на мојата генерација.“

Риалда пак откри што ја привлекло за овој ТВ предизвик и кој контактирал со неа.

„Луѓето зад проектот. Не ги познава, но ме интересираше што работеле претходно и како размислуваат. Особено Милена Марковиќ. Ме интересира што мислела таа додека го замислувала ликот на Марија кој се вртел со децении на малите екрани, додека не го претворија во програма за перење алишта во која со хумор ги перат болните дамки од носталгија низ центрифугата на социјалните и политички несреќи.“

Може да ве интересира:

(ФОТО) Каде е денес убавата Наташа од серијата „Жикина династија“