По тумор на мозокот, дијагностициран ѝ е рак на белите дробови: „Татоко ми веќе планира каде ќе ме закопаат, го прашав дали ќе има место и за моите три деца“

Ѕвездата на реалното шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, Теди Меленкемп се бори со тешка болест. Неодамна таа го оперираше туморот на мозокот, но тој сега се проширил на нејзините бели дробови. Теди открива дека нејзиниот татко, рок легендата Џон Меленкемп (73) веќе го планира нејзиниот погреб.
Неколку дена откако потврди дека нејзиниот рак преминал во четврта фаза, реалити ѕвездата Теди Меленкамп се отвори за малку морбиден разговор со нејзиниот татко во најновата епизода од подкастот „Two T's In A Pod“.
- Вчера татко ми ми се јави 11 пати по ред. Конечно одговорив и му реков: „Во бањата сум, оставиме малку да уживам“. И тој ми вели: „Сакам само да се уверам дека ќе бидеш во нашиот семеен мавзолеј“ – се присетила Теди.
Таа додаде дека го прашала нејзиниот татко дали ќе има доволно место за нејзините три деца - Слејт (12), Круз (10) и Дејв (5) - кои ги има со нејзиниот поранешен сопруг Едвин Аројаве. Да потсетиме дека Теди поднесе барање за развод од Аројаве во ноември 2024 година, пред да и биде дијагностициран рак во четврта фаза.
- Ми вели: „На врвот ќе бидеме петмина, а околу нас ќе направиме место за останатите членови на семејството“ - раскажа Теди.
Повеќе тумори биле пронајдени на нејзиниот мозок и на белите дробови
Откако таа го прашала дали мора да ја донесе таа одлука сега, татко и одговорил:
- И онака го пишуваш тестаментот, па веднаш вклучи го и тоа.
Таа се пошегува дека на надгробната плоча ќе ѝ биде изгравирано „Згодните девојки никогаш не умираат“.
Во март, Теди објави дека се пронајдени повеќе тумори на нејзиниот мозок и белите дробови.
- Имам уште три тумори на мозокот и два на белите дробови. Сето тоа е директен резултат на мојот меланом - сподели таа на Инстаграм на 6 март. Во текот на изминатите две години и беа отстранети 17 различни меланоми.
Веста доаѓа речиси еден месец откако таа на 12 февруари откри дека по неколку недели тешки главоболки, лекарите откриле повеќе тумори на мозокот. Потоа хируршки и биле отстранети четири големи тумори, иако првично планирале да отстранат само два, пренесува Index.hr.
Фото: ИнстаграмИзвор: Zena.blic.rs