Почина на 117 години: Израелецот со бистар ум до крајот

Шломо Сулејман, најстариот Израелец, како што тврди семејството, роден е во 1903 година, со што беше и еден од најстарите луѓе во светот.
Тој почина вчера на 117години, објавија израелските медиуми.
Инаку, најстара во светот во моментот е Јапонката Кане Танака која има117 години и 283 дена.
Сулејман инаку има шест деца и десетина внуци, правнуци и чукунвнуци.
Сулејман со сопругата и четирите деца во 1949 година пристигнал во Израел од Јемен. Другите две деца се родени во Израел. Тој со семејството живееше во приморскиот град Натанија и по отслужувањето на воениот рок работеше како земјоделец. Неговата сопруга почина пред неколку години на 94–годишна возраст.
Внукот на Сулејман,Гил Радиа изјави дека неговиот дедо секој ден одел во синагога и оти до последен момент бил со бистар ум. Тој истакна дека тајната на долговечноста на Сулмејан била малку храна и физичка активност. Поради пандемијата со Ковид-19 последните месеци не го напуштал домот.