Почина во тешки маки, ниту еден колега не ѝ отиде на погребот: Тажната судбина на Уснија Реџепова

Добивај вести на Viber

Имаше глас на ангел и нереална убавина. Таа беше сон на секој маж, а го сакаше само него до крајот на животот... Ви ја пренесуваме животната приказна на една од најголемите музички ѕвезди од овие простори

На 1 октомври 2015 година, по долгата и тешка борба со злокобната болест, почина Уснија Реџепова. Нејзините последни денови биле сурово тешки. Страдала, болките биле неподносливи, но сепак се трудела да биде позитивна до последниот ден.

- Не ме пуштај да одам, остани со мене. Умирам! Се борам колку што можам, сакам да оздравам - изјавила тогаш Уснија за српски медиум, но собрала сили и продолжила:

- Секојдневно страдам од болки и тешко дишам. Мојата состојба се влоши многу. Лежам во кревет, едвај седам. Се обидов да станам да прошетам, но не можев да стојам на нозете. Многу ослабев, како да не сум јас, луѓето не ме ни препознаваат. Пијам само вода, немам сила ни да јадам.


Публиката ги обожаваше нејзините песни од почеток до крај, колегите ја почитуваа, а таа цел живот го помина во брак со човекот кој го сакаше бескрајно. Секогаш мирна, љубезна, насмеана и полна со внимание за сите околу неа, таа беше еден од најдобрите примери дека животот ги сака оние што го сакаат.

- Мајка ми Сабрија беше Турчинка, а татко ми Јашар Ром, џамбас. Татко ми не можел да има деца со првата жена, па се оженил со мајка ми, вдовица која веќе имаше син и ќерка. Не‘ роди уште четири и куќата беше полна со мали деца. Живеевме во сиромаштија, во тешки услови, се мачевме да преживееме, но сепак тоа беше најубавиот период во мојот живот“, се присети во една прилика Уснија.

За разлика од оние кои растат во просперитет, децата од скромните агли на животот едноставно немаат друг избор освен да се движат кон светлината.

- Во Скопје немаше многу можности за забава, па затоа учествував во речиси сите секции на училиште. Имав девет неразделни пријатели со кои ги организирав сите забави во средно, подготвував претстави и споделував симпатии на корзото.

Меѓутоа, Јашар и Сабрија знаеја да ме следат кога шетам низ градот, но само кога ги замолував да останат до девет навечер. Тогаш мислеа дека средношколка во тоа време нема што да бара на улица.


Друштвото ме пријави на натпреварот на млади пејачи на прославата по повод стоилјадиот претплатник на Радио Скопје. За прв пат пред публиката го отпеав големиот хит на Радмила Караклајиќ „Hajmo na tvist“. Сакав да танцувам, па свирев и пеев на сцената. Публиката го чекаше крајот на песната и тогаш ја добив втората награда. Сцената ја чувствував како простор во кој владеам и на неа останав до денес“, изјавила во една прилика, пејачката.

Уснија на таа борба, како и на сè подоцна, пристапи како нешто што е сосема нормално, без големи амбиции, бркање по слава, раскош и богатство.

- Моите родители никогаш не ја прифатија идејата да бидам пејачка. Мислеа дека така ќе бидам достапна за секого и дека тоа е чудна професија. Луѓето од Радио Скопје доаѓаа кај мене дома да се договорат со Јашар за моите настапи, а тој едноставно ги одбиваше кажувајќи ја реченицата: „Ќерка ми ќе заврши факултет и ќе стане пристојна жена“.

Штом дипломирав, почнав да настапувам заедно со оркестар од Струмица за да заработам за моите студии во Белград. Да ја исполнам желбата на татко ми и конечно да го видам тој прекрасен град. Ја обиколив цела Југославија и целата моја заработка ја испраќав на моето семејство за да ми заштедат за моите студии.

Со Васка Илиева и Анѓелка Говедаревиќ добив понуда од белградската естрада да одам на турнеја во Австралија. По 26 часа летање, Анѓелка и јас се најдовме во хотелска соба во Сиднеј и двете почнавме да плачеме затоа што сфативме дека сме многу далеку од дома. Се ежев, се додека не слушнав како некој завива под прозорецот: „Мујо кова коњи покрај месечината“. Притрчавме до прозорецот и почнавме да се смееме: еден наш иселеник претерал со ракијата што му ја дадовме на аеродром, па го обзеде носталгија...


Тогаш излезе мојата прва плоча со четири песни, а бидејќи Есма Реџепова беше многу популарна, ми предложија да смислам псевдоним. Првата плоча ја објавив како Уснија Јашаров, која не е измислено име бидејќи татко ми се викаше Јашар“, исјави тогаш таа и објасни дека подоцна го вратила презимето бидејќи немало смисла да ги збунува луѓето.

Велат дека бокалот што оди по вода неминовно се крши, но и покрај тоа што како млада станала предмет на обожавање и машки сон, Уснија животот го поминала со еден маж.

- Навреме го запознав човекот на мојот живот. Шелет е хармоникаш кој ме направи емотивно смирена. На турнејата низ Германија се возевме во истиот автомобил и потоа се запознавме. Бев привлечена од неговата енергија и трудољубивост затоа што влечеше кабли, преговараше со организаторите и успеваше да свири два концерта дневно. Во сите овие години брак никогаш не направил ниту една љубоморна сцена. Многумина ми се додворуваа, но Шелет знаеше дека сум негова. Некогаш на шармантен начин му пристапуваше на додворувачот и му даваше до знаење дека сум зафатена, а друг пат само се смееше и ме потсетуваше дека треба да вежбаме. Заедно создадовме прекрасен дом, но не можевме да имаме деца. Едноставно не успеа. Тој факт емотивно го обработив одамна и продолжив да уживам во животот. Во моето и семејството на Шелет има многу деца на кои им ја посветуваме сета љубов и внимание - изјави Уснија.


На 65-годишна возраст, нејзиниот живот почнал да се менува. Поради проблеми со срцето на 20 септември 2012 година итно била сместена во Ургентниот центар во Белград. По деталните лекарски прегледи било утврдено дека мора да се оперира и набрзо и биле поставени два стента. Тоа било, како што подоцна ќе испадне, почетокот на нејзиниот крај.

На тешката здравствена состојба и претходела тешката загуба од која никогаш не се опорави. Во 2005 година, нејзиниот сопруг ненадејно почина.

На почетокот се чинеше дека ѝ помагаат конвенционалните терапии, дека цитостатиците и зрачењето даваат резултати. Уснија рече дека се чувствува подобро, се надева дека повторно ќе застане на сцената и ќе запее. Договарала и интервју и фотографирање. Но, таа набрзо повторно паднала во кревет. Додека била во Скопје и помогнале брат ѝ и снаата. Кога се вратила напролет во Белград, прогнозите не биле воопшто оптимистички.

На 13.08.2015 година била примена на интензивна нега. Лековите не ѝ помогнале и таа едвај дишела без боца со кислород. Исто така, таа спиела подолго, за да падне во кома во последните денови од септември.

Кога осамна 1 октомври, изненадувачки сончево за таква мрачна есен, Уснија почина. Можеби, после три години маки и болки без Шелет, без здравје, без музика и без себе, конечно го вратила мирот што толку внимателно и доследно го градеше цел живот. Погребана е на 4 октомври на гробиштата Бутел во Скопје.

На последното, скромно и тивко збогување биле само нејзиниот најблизок брат Решко, снаата Емир, роднините од Скопје, пејачката Есма Реџепова, Васка Јанковса ...

На последното збогување на Уснија, немало колеги од Македонија, немало проштални говори, ниту еден збор од последниот поздрав. Меѓу службениците на погребот бил Неџад Мустафа, тогашен министер без ресор во нашата влада од редовите на Ромската партија.

По збогувањето на роднините, пријателите и пријателите од детството, во близина на ковчегот пред капелата, каде спонтано избувнал аплаузи пред поворката да тргне, Уснија била погребана во муслиманскиот дел на скопските гробишта Бутел, на парцелата каде почиваат нејзините најблиски. Тоа било нејзината последна желба, иако била „ приврзана за Белград, таа достоинствено беше испратена во Скопје“.


Фото насловна: Youtube - screenhoot - Isidora Smiljkovic

Фото: Youtube

Пет години без Есма Реџепова: Животната приказната на кралицата на ромската музика го кине срцето