Почина за време на естетска операција: Објавено е видео од зафатот, а лекарите велат дека ова е причината за нејзината смрт
Марина почина поради
операција на носот што ја закажа во елитна клиника
Марина Лебедева (31) се сметаше за моден гуру меѓу руските инфлуенсери. Закажала пластична операција на носот, за која платила околу 5.500 долари во елитна руска клиника, меѓутоа, според локалните медиуми, нејзиното тело реагирало лошо на анестезијата и таа починала.
Нејзината температура, велат лекарите, нагло скокнала, што веројатно е реакција на анестезијата, и иако од клиниката тврдат дека повикале брза помош веднаш штом ја сфатиле сериозноста на ситуацијата, животот на Марина бил загубен. Починала на клиниката Артибеаут во Санкт Петербург.
Тоа се случи на 25 август, а клиниката сега се соочува со обвиненија за небрежност и е под истрага. Снимката направена за време на операцијата беше објавена од локална телевизија и во моментов се користи како доказ за негрижата на медицинските лица кои ја извршија операцијата.
Самиот хирург, пишуваат медиумите, може да се соочи со казна од шест години затвор. Патем, за време на операцијата, сопругот на Марина беше на службено патување, и откако беше информиран дека неговата сопруга почина, тој итно се врати дома и поднесе тужба. Сега тој е самохран родител на нивниот син, пренесува meaww.com.
Од друга страна, директорот на клиниката, Александар Ефремов, во својата официјална изјава тврди дека Марина ги поминала сите потребни медицински тестови пред постапката. Тој тврди дека „вродената генетска состојба“ на Марина ја доведе младата мајка до нејзината смрт. Тој не прецизираше за која вродена генетска состојба станува збор.
Фото: Profimedia
Загина на 32 години поради селфи: Падна од карпа додека се обидуваше да направи совршена фотографија