Животна училница // Приказни
Починала само два дена по сопствената свадба: Видео од денот пред веселбата покажува дека Адна ја насетувала трагедијата!

По неколку дена поминати во болница, Адна почина на 26-годишна возраст.
Адна (Алија) Ровчанин-Омербеговиќ (26) од Сараево починала само два дена по својата свадба.
Ноќта која требаше да биде најубава во животот на младиот пар се претвори во трагедија. Според семејството и пријателите, по свадбената веселба Адна нагло се почувствувала лошо и била итно пренесена на КЦУС Сараево, каде што паднала во кома. По неколку дена во болница, таа починала.
На социјалните мрежи се појави тажно видео за кое се вели дека е направено вечерта пред венчавката. Последното видео Адна го објавила ден пред свадбата, каде што се гледа како семејството и пријателите се подготвуваат за свеченоста.
Адна се занимавала со козметика и имала свој салон во Сараево. Пријателите ја опишуваат како вредна, насмеана и секогаш весела девојка.
Трагедијата што ја погоди семејството Ровчанин-Омербеговиќ во кратко време одекна во цело Сараево.
Извор/ Инстаграм