Погребот на Драган Вучиќ: Ќе се почитуваат сите заштитни мерки и ќе има затворена улица

Добивај вести на Viber

Мартин Вучиќ е актуелен директор на НУ „Танец“. Токму на Фејсбук-страницата на „Танец“ е објавена информацијата за денешниот погреб на големиот Драган Вучиќ.

„Погребната церемонија е закажана за 5.5.2020, вторник на Градските гробишта „Бутел“. Посмртните останки ќе бидат изложени на палтото пред главната капела (на отворено), од 12 до 13 часот, а погребот ќе биде извршен во 13 часот.
За сите што сакаат да му оддадат последната почит, ќе бидат испочитувани сите заштитни мерки и препораки поврзани со пандемијата со корона вирусот и улицата ќе биде затворена од 12 до 14 часот за да може да се одвива движењето соогласно мерките.“


НЕКА ПОЧИВА ВО МИР И ВЕЧНА СЛАВА!