„Поради Цеца се прејадувала на нервна база“: Со овој режим на исхрана, Анастасија успеала да ослаби 20 килограми

Анастасија Ражнатовиќ успеала да ослабне дури 20 килограми, а како што раскажува, проблемот со килограмите кај неа секогаш се јавува кога и е тешко во приватниот живот.
Уште во пубертет се здебелила поради нервоза, кога ѝ било тешко затоа што мајка ѝ Цеца ја испратила заедно со брат ѝ Вељко на Кипар.
Фолк ѕвездата решила да ги тргне децата од Србија затоа што во тој период и таа и нејзината сестра Лидија Оцоколиќ ја издржувале казната домашен притвор.
– Празнината што ја чувствував бидејќи не бев со мама ја надоместував со огромни количини храна, па се здебелив дури 20 килограми. Со никој не разговарав за тоа што ме мачи, туку само јадев. И тоа нездрава храна – започнува приказната Анастасија.
Кога Лидија по три месеци ја симнала наногицата, веднаш ја посетила внуката на Кипар.
– Веќе тогаш бев прилично здебелена. Тетка ми беше во шок, не можеше да поверува дека сум тоа јас. Кога се врати во Белград, ѝ рече на мама: „Анастасија многу се здебелила.“
По шест месеци дојдов во Белград во кратки шорцеви и маица со тенки прерамки, а на мене сè пукаше. Мајка ми беше шокирана: „Црно дете, што направи од себе?!“ А јас, и со 20 кила повеќе полна со самодоверба, ѝ вратив: „Ма добро мама, што сега... Малку сум се здебелила.“
Сепак, Анастасија наскоро решила да стави крај на прејадувањето.
– Процесот на слабеење траеше долго, две до три години. Оттогаш ми остана страв да не се вратам на старото. Затоа, штом се здебелам, веднаш почнувам да внимавам што јадам – вели таа.
Ги исфрлила нездравите намирници и се трудела да не ги прескокнува оброците. Најчесто јаде варени јадења, а рестораните за брза храна ги избегнува во широк лак.
Признава дека понекогаш попушта и се чести со нешто калорично:
– Ако изедам нешто слатко, веднаш одам на тренинг за да ги согорам калориите. Клучот за добар изглед е дефинитивно редовното вежбање – додава Анастасија.
Ова го јаде Анастасија:
Појадок: овесна каша со црвено овошје
Ручек: бранцин и зелена салата
Вечера: потаж од тиква
Трик совет:
– Секогаш кога ќе почувствувам глад, пијам вода со лимон и желбата за храна брзо ми поминува.Извор / Фото: Инстаграм