Поради пластични операции не може да седи, но новиот изглед и носи заработка од 170 000 евра месечно: „Правам се стоејќи“

Добивај вести на Viber

Таа призна дека како мала се чувствувала незадоволна од својот изглед и истакнува дека отсекогаш сонувала да биде згодна и слаба.

Во денешно време, луѓето кои прават драстични промени во својот изглед се вообичаена појава. Иако повеќето луѓе имаат позитивно искуство по операцијата, има и такви кои имаат одредени потешкотии по операцијата.


Едно од таквите искуства ги има и манекенката од Флорида, Казуми Сквиртс (24), која потрошила 17.000 евра за бразилско кревање на задникот, меѓутоа, поради тоа, повеќе не може да седи правилно.

Зборувајќи за нејзината операција, Казуми рече дека сака совршено тело, но дека не може да ги постигне посакуваните резултати со диета и вежбање, па затоа одлучила да оди „под нож“ и на тој начин да добие совршена фигура.

По операцијата, иако нејзиното тело изгледа беспрекорно, таа, за жал, не е во состојба да седи нормално.


„Правам се стоејќи, и кога одам некаде носам перница што ми помага да седам нормално“, рече Казуми.

Иако нејзиното тело страда поради нејзината неприродна положба, оваа млада девојка не сака да го промени својот изглед, бидејќи заработува илјадници евра на социјалните мрежи поради него.

- Признавам дека ми пречи задникот, но тоа не значи дека ќе го вратам во првобитната состојба, бидејќи поради атрактивниот изглед, заработувам 170.000 евра месечно - искрена е таа.


Казуми призна дека како мала се чувствувала незадоволна од својот изглед и истакнува дека отсекогаш сонувала да биде згодна и слаба.

- Кога влегов во пубертет, телото почна да ми се менува и воопшто не бев задоволна од својот изглед, па решив да направам се што можам за да бидам совршена. Потрошив многу пари за мојот изглед и беше навистина болно, но на крајот сето тоа успеа - заклучи Казуми.


Извор: телеграф.рс

Printskrin: Tiktok/kazumisworld