После 16 години се разведе од милионер: Кој е мажот заслужен за насмевката на Ана Винтур

Познатата креаторка позната по својата сериозност и лице што
се крие зад темните очила, а сега изненади со ново издание!
Познатата модна уредничка Ана Винтур неодамна се разведе од милионерот Шелби Брајан, кој се врати кај поранешната сопруга, а таа, како што пренесуваат странските медиуми, утеха нашла во друштво на британскиот актер Бил Наџи.
Ана Винтур, како што се наведува, не ја коментирала врската со седумдесетгодишниот Британец, sвездата на романтичната комедија „Всушност љубов“.
Бил Наџи никогаш не бил во брак, но тој ја следел Ана на сите јавни и приватни настани последните неколку години, а наводно се познаваат многу подолго, но тоа го чувале во тајност.
Во јануари оваа година тие беа заедно на една модна ревија во Париз, кога беа снимени како интимно шепотат.
„Не се сеќавам кога толку блескав на фотографиите“, рече минстериозно тогаш Винтур.