Постигнале договор: Меган и Хари ја стопираа дистрибуцијата на фотографии од нивниот син

Британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган добија извинување од позната агенција за
фотографии која без одобрение го фотографирала нивниот малолетен син дома.
Агенцијата и војводата и војвотката од Сасекс постигнаа договор. Фото-агенцијата Х17 се согласи да ја запре дистрибуција на слики на кои синот на принцот Хари и Меган, Арчи е прикажан со неговата баба по мајка, во градината во семејната резиденција и да ги предаде оригиналните слики и сите копии.
Агенцијата исто така се согласила да плати дел од правните трошоци на семејството, изјави пред новинарите нивниот адвокат Мајкл Камп.
Парот, во јули поднесе тужба против агенцијата, во која се наведува дека папараци го фотографирале нивниот син Арчи од беспилотни летала и хеликоптери „нелегално“ во приватната резиденција на семејството во Калифорнија кога имал 14 месеци.
Актерката, Принцот Хари и Арчи сега живеат во Лос Анџелес откако парот се повлече од кралските должности на крајот на март.
Можеби ќе ве интересира:
Во контроверзни панталони: Меган Маркл изненади со стајлингот (ФОТО)Меган Маркл и принцот Хари снимаат свое реално шоу: Камери ќе ги следат во следните 3 месеци