Посвоил над 100 деца чии мајки сакале да абортираат: Херој на 21-от век

Добивај вести на Viber

Постојат автентични херои во светот, луѓе кои не се на насловните страници и не се милијардери, но кои прават да се чувствуваме горди што живееме на оваа планета со нивниот начин на живот!


Еден таков херој е Тонг Фуок Фук, од Виетнам кој спаси животи на десетици деца. Денес тој е „татко“ на повеќе од сто деца кои никогаш не би се родиле без него. Сè започнало во 2001 година кога неговата сопруга била бремена и имала компликации. И додека чекал во болницата, видел колку жени влегуваат бремени во гинекологија, но заминуваат без деца.


Отпрвин не разбрал, но кога го видел медицинскиот персонал како носи завиткани фетуси, му станало јасно, бил толку длабоко трогнат што побарал да му ги дадат тие мали тела.


Тој ја зел целата заштеда од својата работа како градежен работник и купил мало парче земја каде што можелда ги закопа телата на абортираните деца. Прво, неговата сопруга помислила дека е луд, но тој продолжил да го прави тоа, а денес има повеќе од 10.000 абортирани фетуси на овие необични гробишта.


Фото: YOUTUBE PRINTSCREEN

Можеби ќе ве интересира:

Се викам Невена, ќе ви раскажам како мајка ми нè хранеше пет деца со векна леб