Потресна исповед на мајка на тримесечно бебе со коронавирус: Не можев ни да ја допрам

Малата Винтер Роуз Вотсон важи за еден од најмладите случаи на коронавирус во Велика Британија бидејќи има само 12 недели, а неодамна нејзината мајка Џејд за тамошните медиуми раскажа како откриле дека нејзината ќерка е позитивна за Ковид-19, за текот на болеста и закрепнувањето.
Џејд Вотсон од Ланкашир откри дека на почетокот лекар тврдел дека нејзината ќерка не може да биде заразена со вирусот на толку рана возраст, па дури и одбиле да го тестираат бебето.
27-годишната мајка, додава дека сепак еден консултант сакал да ја тестира девојката, и се покажало дека мајката имала право и дека навистина кај бебето е потврдено присуството на коронавирусот.
Г-ѓа Вотсон се сомневаше дека Винтер Роуз е болна кога забележала дека бебето има треска. „Ја контактирав брзата помош и тие ме советуваа да останам дома. Но, во 5 часот наутро станав да ја проверам и таа беше вжештена, многу повеќе отколку порано. Не морав да ја допрам, топлината испаруваше од неа“, објасни таа.
Џејд повикала брза помош и чекала три часа. По пристигнувањето во болницата, бебето веднаш било тестирано, иако лекар од истата установа претходно тврдел дека бебињата не можат да го добијат вирусот.
Додека ги чекале резултатите, бебето било проверувано повторно и му биле дадени антибиотици за да се намали температурата, но тоа не им успевало.
"Во саботата, на 4 април, лекарот ми рече дека Роуз е позитивна на коронавирусот. Ужасно беше да се слушне тоа. Таа беше подложена на парентерална рехидратација за да ја врати изгубената течност“, вели мајката.
За среќа, во текот на следните два дена, состојбата на бебето се подобри и таа беше испратена во изолација со нејзината мајка.
Џејд не знае како можело бебето да го добие вирусот корона.
„Роуз сè уште го има вирусот, но не знам дали го имав јас или не. Единствениот симптом што го имам е постојана главоболка, која не запира дури и кога земам апчиња за главоболка“, рече таа, додавајќи дека е најтешко и паднал призорот од нејзиното бебе во болницата, како и фактот дека не можела да е до неа поради мерките за социјална оддалеченост.
„Се вели дека овој вирус не влијае на бебињата на ист начин како кај другите, но очигледно влијае, барем, за мојата Винтер. Никогаш не сум ја видела толку беспомошна“, заклучи оваа британка.