Повеќе нема влага и студ за семејството: Хумани луѓе им помогнаа да приспособат барем една топла соба

До пред еден месец, Никола, Михаило и Матеја јадеа
и спиеја во просторија полна со влага
Самохраната мајка Ѓеоргина Тежановиќ од Јелава кај Лозница, Србија која живееше со своите три сина во многу тешки услови, има причина да се насмевне. Со помош на хумани луѓе, студените денови ќе ги поминат на топло и без страв дали ќе ги имаат основните животни потреби.
До пред еден месец, Никола, Михаило и Матеја јадеа и спиеја во просторија полна со влага, додека нивната мајка се грижеше како да набави дрвја за зимата.
Денес, во новата просторија, шпоретот на дрва многу ги загрева и ги чекаат студените денови и иднината без да се грижат дали утре ќе ги имаат основните животни потреби.
- Оваа зима ќе ја пречекаме во нова просторија, во многу поголем простор, со нов шпорет, со греење за зимата во многу подобри услови отколку што имавме во претходната просторија - вели Ѓеоргина.
Таа додава дека на бебињата сега им оди добро, шетаат, тие се среќни и дека им треба повеќе простор, а тоа може да се види од нивното однесување и расположение.
Помош доаѓаше од соседи, познаници, но и луѓе од цела Србија. Покрај греење и бела техника, тие добија и нова облека и обувки, но и пари од кои направија друга просторија на располагање за нивниот престој.
Момчињата се‘ уште се мали за да изразат радост, но Ѓеоргина не може да ја скрие својата благодарност и среќа.
- Многу луѓе реагираа, навистина во голем број, затоа ви благодарам на сите, благодарам од се‘ срце, бидејќи не би можела самостојно да ја прилагодувам оваа просторија. Сега бебињата имаат повеќе простор за себе и многу ми е драго затоа, тие се во топла и чиста просторија - вели самохраната мајка.
Момчињата и Ѓеоргина сè уште живеат во куќа во која нивниот престој е неизвесен поради нерешени имотно-правни односи. Властите од градската администрација во Лозница ветија дека ќе се обидат да најдат законско решение со цел да им помогнат да најдат нов дом.
Фото:RTS
Можеби ќе ве интересира: